Пеп Гвардиола не го криеше задоволството по триумфот на Манчестер сити од 3-1 против Арсенал. По натпреварот шпанскиот стратег истакна дека неговиот тим реагирал на вистински начин после поразот од Њукасл.
„Ние сме навистина добар тим кога играме под ‘полн гас’. По поразот од Њукасл разговаравме многу и реакцијата беше навистина одлична на целиот тим. Ова е добар почеток на неделата за нас, а веќе се насочуваме кон Евертон па кон Челси“ – истакна Гвардиола, и дополни:
„Кога загубивме од Њукасл, Ливерпул можеше да ни избега на плус седум. Сега имаат само два бода повеќе од нас, а играат против Вест Хем кој е навистина незгоден противник. Па, да видиме како и дали ќе умеат да се носат со притисокот“.
Дуелот Вест Хем – Ливерпул се игра вечерва од 21 часот. Натпревар кој, секако, не е значаен само за „црвените“ но и за Сити од каде се надеваат на кикс на лидерот во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА