Хатем Бен Арфа поднел тужба против Пари Сен Жермен во која поради прекршување на работничките права побарува од клубот меѓу 7 и 8 милиони евра. Тој тврди дека претседателот Насер Ал-Келаифи и тогашниот тренер Унаи Емери го исфрлиле од тимот во периодот од 2017 па се до заминувањето со што му нанеле штета бидејќи му оневозможиле да ги добие парите од награди и бонуси за постигнати успеси.
Во најголем дел од тужбата која е срочена на 50 страници се бараат сите пари што потенцијално би можел да ги добие Бен Арфа ако играл. Пресметките се направени врз основа на сумата која тој ја добил во претходната сезона кога бил дел од тимот.
Адвокатите на Бен Арфа тврдат дека отстранувањето од клубот не било поради фудбалски причини, туку дека било класична дискриминација. Уште се тврди и дека фудбалерот бил психички малтретиран дури и дека ПСЖ му ја уништил кариерата. Бен Арфа сега е играч на Рен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА