Македонија со четворица скијачи на Алпскиот мундијал во Оре

Антонио Ристевски, Дардан Дехари, Лука Божиновски и Виктор Петкoв се четворицата скијачи кои ќе ја претставуваат Македонија на Апското светско првенство кое од утре до 17. февруари ќе се одржува во шведскиот Оре.

Сите четворица се на прелиминарните пријавни листи во техничките дисциплини, слалом и велеслаом, но тоа не значи дека сите ќе се натпреваруваат во секоја од дисциплините. Секако нашите скијачи ќе мора да минат преку квалификациите за да дојдат до главното натпреварување.

Велеслаломската трка е закажана за 15. февруари,а слаломската за последниот ден, на 17, февруари. Квалификациите за двете дисциплини се ден порано.

 

 

 

Се вчитува...