Гламурозната убавица која го ‘топеше’ снегот: Не се сите Том Брејди (ВИДЕО)

Само четири победи ја делеа Линдзи Вон од историската граница што ја постави легендарниот Ингемар Стенмарк со 86 победи во Алпскиот светски скијачки куп. Најголемата женска ѕвезда во светот на скијањето беше решена да ја достигне и дури и да ја надмина оваа бројка, но се соочи со најголемата пречка. Повредите.

Линдзи Вон постојано се бореше со повредите, секогаш се враќаше посилна и го изненадуваше светот со резултатите. Последните две сезони сепак беа претешки за американската убавица. Не успеваше да фати приклучок со новите сили предводени од Микаела Шифрин.

„Причината поради која решив да се повлечам е тоа што веќе не можам да скијам онака како што сакам. Можеби ќе можам да извлечам нешто на последните трки на Светското првенство, но константно да тренирам и да се натпреварувам, не можам. Моите колена не можат да го издржат тоа. Носам две протези, не можам да тренирам, речиси веќе и ништо не можам да правам на планина. Ова е тешка ситуација, но знам дека правам паметна одлука за мојата иднина. Да ми беше потребна само уште една победа за рекорд, можеби и ќе продолжев, но во оваа ситуација сметам дека не можам да скијам како што е потребно за да се победува. мислам дека не е вредно да си го уништам телота за уште пет победи“ – вели Вон која не усепа да ја заврши супервелеслаломската трка на Светското првнество во Оре и неизвесно е дали ќе се појави на спустот.

Линдзи Вон е скијачката со најмногу победи во Светскиот куп, втора е на листата гледано во двете конкуренции. Таа има три олимписки медали и седум трофеи од светските првенства.

Надвор од скијањето, Вон од себе направи гламурозна икона која внесе холивудски шмек во светот на скијањето.

„Не можат сите да бидат Том Брејди и да го освојуваат Супербоул по милионити пат на 42 години“ – рече Вон која призна дека се помирила со тоа дека годините и повредите ја победија.

 

Се вчитува...