Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе биде посилен за капитенот Хари Кејн на дуелот од ЛШ против Борусија Дортмунд, како и на мечот против Барнли од Премиер-лигата. Тој се опоравува од повредата на мускулот побрзо од очекувањата и треба да биде вклучен во составот за првиот осминафинален меч од елитното европско натпреварување против „милионерите“.
Напаѓачот се повреди на почетокот на годината и најавите велеа дека ќе паузира до март, меѓутоа лекарскиот тим со максимални напори успеа да го опорави значително побрзо. Тотенхем на 13. февруари на домашен терен ќе ја пречека Борусија Дортмунд во првата пресметка од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА