Рома бега од „Олимпико“, ќе гради сопствен фудбалски храм (фото)

Рома конечно доби зелено светло од градските власти на Рим за да почне со реализација на проектот за сопствен фудбалски стадион. „Волчицата“ со години наназад настапува на „Олимпико“ заедно со градскиот ривал Лацио, но американските газди уште при преземањето на клубот најавија дека една од главните желби ќе им биде изградбата на сопствена арена.

Првото идејно решение беше прифатено во 2017 година, но потоа беше стопирано поради апсењето на неколку лица поврзани со проектот, за денеска и официјално да биде дадена дозвола за неговата реализација да продолжи.

Нашата нова арена, „Стадио дела Рома“, ќе се гради. Последните поплаки за сообраќајот околу арената беа земени во предвид и веруваме дека е најдено решение што е одлично за сите“ – објавија од раководството на Рома.

Се вчитува...