Се е подготвено за продолжението на возбудувањата во ракометната Лига на шампионите, а дел од првиот натпревар во 2019 година ќе биде и тимот на Вардар, кој утре со почеток во 19 часот ќе му гостува на германскиот вицепрвак Рајн-Некар Левен. Во пресрет на вториот дел од сезоната ЕХФ ја објави и својата најнова ранкинг-листа на најдобрите европски клубови, во која македонскиот шампион се наоѓа на петтата позиција.
„Вардар ја заврши 2018 година пред екипите кои се во трка за второто место во групата А, но ќе мора да биде во топ-форма за да остане таму. Повредата на Мораеш е единственото отсуство зза скопскиот клуб, кој ќе се обиде повторно да ја најде брилијантната форма од почетокот на сезоната“ – се вели во описот на ЕХФ за ранкингот на „вардарци“.
Следниот противник на македонскиот клуб, Рајн-Некар Левен се наоѓа на четвртата позиција на оваа топ-листа. Прворангиран европски клуб е ПСЖ, кој во клучниот дел од сезоната ќе биде посилен за Никола Карабатиќ. Зад тимот предводен од Раул Гонзалес се наоѓа Барселона, додека треторангиран европски клуб пред продолжението на сезоната е унгарскиот шампион Пик Сегед.
Зад Вардар, топ-листата од 10 најдобри клубови во Европа, од шестото до десеттото место ја комплетираат Веспрем, Фленсбург, Загреб, Кјелце и Нант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА