Лазар Марковиќ дефинитивно е еден од најпреплатените фудбалери во историјата на Ливерпул, откако „црвените“ платија 25 милиони евра за неговиот трансфер од Бенфика во 2014 година, но тој никогаш не се наметна како сериозна опција за првиот тим. Богатиот договор беше причина Марковиќ да не сака да си замине од „Енфилд“ се до последниот ден од овој преоден рок, кога буквално во „пет до дванаесет“ прифати преселба во Фулам.
Клаудио Раниери е стратегот што ја испрати понудата, иако и овој искусен стратег е свесен дека не знае речиси ништо за фудбалските квалитети на српскиот крилен офанзивец.
„Да бидам искрен, можам само да претпоставам, да се надевам дека станува збор за добар играч. Разговарав со многумина пред да испратам понуда, но никој не можеше да се сети како Марковиќ игра фудбал. Ми кажаа дека многу добро игра карти, дека сака да пее на караоке, дека е добро момче што сака да им помогне на луѓето колу себе. Но ако ме прашувате за фудбал, никој не знае колку навистина е добар. Сепак, верувам дека вреди да се проба“ – истакна Раниери.
Србинот ќе остане во Фулам до крајот на сезонава, а доколку се покаже во добро светло и лондонскиот клуб обезбеди опстанок во елитата, Раниери сигурно ќе му понуди и долгорочен договор за останување на „Крејвен котиџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА