Македонскиот претставник Блокотехна одигра фантастичен натпревар против Теута на домашен терен и на доминантен начин стигна до петтата победа во БИБЛ. Тимот на Марјан Илиевски славеше со 90-62, иако на овој меч не настапи капитенот Горан Главчев.
Клучната предност гевгелискиот состав ја направи во втората четвртина која ја доби со 17 поени разлика (27-10) и на полувремето веќе имаше +24. До крајот се беше само рутина за Блокотехна, а на крајот триумфот беше убедлив.
Најдобри поединци во тимот на Блокотехна беа Брендон Пен со 24 постигнати поени и Данило Мијатовиќ со 18 поени и пет скока. Македонскиот тим по седум одиграни меча има ефект од пет победи и два порази во БИБЛ конкуренцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА