Италијанскиот калчолигаш Милан ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, а на клупата ќе остане Џенаро Гатузо. Иако имаше најави за промени, сепак, раководството одлучи да му укаже шанса на стратегот да остане на „Сан Сиро“ до завршувањето на шампионатот.
Милан доведе две одлични засилувања, полскиот интернационалец Кжиштоф Пјонтек од Џенова, кој веќе постигна два гола против четвртфиналето на Купот против Наполи и еден против Рома во Серија А, како и младиот Бразилец, Лукас Пакета. „Росонерите“ почнаа да играат многу поатрактивен фудбал, се подобрија и резултатите, и јасно е зошто е донесена одлука Гатузо да остане на клупата.
За разлика од Милан, во Интер продолжува неизвесноста, па евентуален нов неуспех на гостувањето против Парма може да го означи крајот на престојот на Лучијано Спалети на клупата на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА