Барселона подготвува удар за Реал: Иско се сели на „Камп Ноу“

„Ел Класико“ заврши мирољубиво (1-1), но Барселона ја засили „специјалната војна“ против Реал Мадрид во пресрет на реванш мечот опд полуфиналето во Купот на Шпанија. Претседателот на каталонскиот гигант, Хозеп Марија Бартомеу, јавно истакна дека Барселона сака да го купи Иско Аларкон.

„Никогаш не сум разговарал ниту со Нејмар, ниту со некој од раководството на Пари Сен Жермен. Тој не е на листата на наши желби за наредната сезона. Но, сакаме да разговараме со Реал Мадрид за трансфер на Иско во Барселона. Не постои никаков пакт меѓу двата клува. И ние, а и тие, се трудиме да создадеме што е можно подобар тим“, изјави Бартомеу.

Иско не е задоволен од статусот во Реал Мадрид и сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Се споменува како потенцијално засилување за ПСЖ, Манчестер Сити и за Јувентус, но во трката сериозно се вклучува и Барселона. Сепак, отштетната клаузула во неговиот договор со Реал Мадрид изнесува неверојатни 700 милиони евра.

Се вчитува...