Шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао сака да го врати Фернандо Љоренте во своите редови. Робусниот напаѓач е член на Тотенхем, но не добива голема минутажа покрај Хари Кејн, а договорот му истекува на крајот од сезоната. Раководството на баскискиот клуб ќе му понуди повторно да се врати во Билбао, каде што настапуваше во периодот од 2005 до 2013 година и постигна 118 гола.
Љоренте стартуваше на седум од последните девет меча во составот на Маурисио Покетино, но само затоа што Хари Кејн беше надвор од терените поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА