Интернационалниот параолимписки комитет ја укина суспензијата за руските параолимпијци. Одлуката важи од 15.март, а МПОК соопшти дека биле исполнети 69 од 70 барања кои беа поставени пред Русија. Ваквата одлука доаѓа откако ВАДА реши да ја укине забраната за работа на Руската анти-допинг агенција.
Руските параолимпијци беа сусепндирани 29 месеци, а забраната почна да важи од Игрите во Рио во 2016 година. На зимските параолимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година учествуваа 30 руски параолимпијци како „неутрални параолимписки спортисти“.
Русија е една од најуспешните земји во историјата на параолимпизмот. На Игрите во Сочи во 2014 година Русија беше земјата со најмногу освоени медали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА