Металург се засили со хрватскиот пивот Тео Чориќ

Хрватскиот пивот Тео Чориќ е ново засилување за РК Металург.

Тимот од Автокоманда се одлучи за засилување на пивотменската позиција во тимот по претходната повреда на Адријан Миличевиќ кој сега повторно се враќа во ритам.

Чориќ во минатото бил дел од хрватските Замет Ријека, Пореч и Загреб пред преселбата во германски Штутгарт. Во Металург сега доаѓа од редовите на германскиот второлигаш Рајн викингс.

Се вчитува...