Драма во Москва: ЦСКА ја доби „војната“ со „кралевите“

Кошаркарите на ЦСКА Москва славеа во дербито од 22. коло во Евролигата пред своите навивачи против Реал Мадрид со 82-78.

Русите го добија крајно драматичниот натпревар благодарение на присебноста во финишот од мечот кога успеја да ја одржат минималната предност против „кралевите“. Реал одлично го почна мечот, на полувремето имаше и шест поени предност но не успеа да издржи до крај. Последниот обид барем за продолженија го имаше Џејси Керол, но не успеа да погоди во обидот за три поени на шест секунди пред крајот.

Најефикасен во победничкиот тим, како по обичај, беше Нандо Де Коло со 21 поен, плус и четири асистенции и три скока, а 15 поени постигна Кори Хигинс.

Кај Реал Мадрид се издвои Ентони Рендолф со 20 запишани поени.

Се вчитува...