Атлетико Мадрид пред своите навивачи загуби во шпанската дерби пресметката од Реал Мадрид со 1-3.
„Кралевите“ стигнаа до важна победа против градскиот ривал со што се вратија во битка за шампионската титула. Но, овој дуел не можеше да мине без „поплаки“, овој пат од страна на Атлетико Мадрид.
По натпреварот од таборот на Атлетико Мадрид се пожалија дека нивниот тим е оштетен објавувајќи фотографии од спорни моменти. Од Атлетико се сигурни дека немало офсајд кога Мората израмни на 2-2, и дека Реал не требало да добие пенал затоа што прекршокот бил надвор од казнениот простор.
Третата фотографија е при резултат од 1-2 за Реал, кога Алваро Морато падна во петтерецот на гостите. Тогаш домашните бараа пенал, но по прегледувањето на ВАР системот судијата одлучи дека нема удар од белата точка…
„Каков е таа технологија која ништо не гледа?“ – прашуваа по натпреварот од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА