Штухец го одбрани светското злато во спуст, Вон се прости со бронза

Словенката Илка Штухец го задржа тронот во најбрзата алпска дисциплина откако го одбрани златото во спуст освоено пред две години во  Сент Мориц триумфирајќи денеска на третата женска дисциплина светското првенство во Оре. За Штухец ова е само втор медал од светските првенства. Има девет победи во Светскиот куп, а ја пропушти целата мината сезона поради повреда.

Линдзи Вон за која ова беше последна трка во кариерата долго се држеше на втората позиција, се до возењето на Корин Зутер. Швајцарката веќе има два медали од овој шампионат откако ја освои бронзата во супервелеслалом. Победничкиот резултат на Штухец беше 1.01.75 минути. Зутер заостана 23 стотинки, а Вон имаше заостанување од 49 стинки.

Славната кариера Вон ја комплетира со брознен медал, осми од светските првенства вкупно. Таа има бронза во супст и од претходното светско првенство. Единствената светска титула во спуст и од 2009 година од Вал Гардена.

За Словенија ова е трето последовно злато во спуст од Светските првенства. Пред двата успеха на Штухец, во Бивер Крик во 2015 година најасјајното одличје во спуст го освои Тина Мазе.

За утре на првенството е закажана машката комбинација, следна трка кај скијачите  велеслаломот в четврток, додека во вторник сите заедно ќе се борат во екипна конкуренција.

 

 

Се вчитува...