Продолжува „стрелбата“ на Тричковски: Нов гол за победа на АЕК

Продолжува извонредната гол-форма на Иван Тричковски во шампионатот на Кипар.

Македонскиот репрезентативец го постигна и осмиот гол во кипарското првенство, стрелајќи во триумфот од 2-0 на АЕК Ларнака против Алки во 20. коло од шампионатот. Тричковски го постигна вториот гол на домашните во 54. минута од натпреварот.

Во тимот на АЕК Ларнака целиот натпревар го одигра и дефанзивецот Даниел Мојсов, а во гостинскиот состав 90 минути настап поранешниот фудбалер на Работнички, Душан Трајчевски.

Се вчитува...