Јувентус стигна до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Сасуоло во 23. коло од Серија А со која дополнително си се зацврсти на врвот од табелата, по вчерашното реми на Наполи.
„Старата дама“ до водство стигна со голот на Кедира во 23. минута. Потоа Кристијано Роналдо во 70. минута зголеми на 0-2, а Емре Чан во 86. минута ги постави конечните 0-3.
Јуве е сега на врвот со 63 бода, дури 11 бода повеќе од второпласираниот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА