Хувентуд победи со Сарагоса, Димитријевиќ најдобар асистент на мечот

Кошаркарите на Хувентуд стигнаа и до 12-та победа во 20. коло од АЦБ лигата во Шпанија, славејќи со 88-73 пред своите навивачи против Сарагоса.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра 15 минути во составот на домашните притоа завршувајќи го мечот со најголем број асистенции на паркетот. Димитријевиќ запиша 5 асистенции, а зад своето име имаше и 4 поени. Најефикасен во победничкиот тим беше Тодоровиќ со 19 постигнати поени. Кај гостите се издвои Радовиќ со 17 поени и пет скока.

По овој триумф, Хувентуд е на делба на петтото место на табелата во Шпанија со 12 победи и 8 порази. На врвот е Барселона со 17 победи и само три порази.

Се вчитува...