Вардар извојува извонредна победа над Рајн-Некар Левен, a Тимур Дибиров за своето одлично издание во Манхајм сосема заслужено се најде во „дрим-тимот“ на единаесеттото коло во Лигата на шампионите.
Русинот постигна седум погодоци од девет обиди и беше избран за најдобро лево крило оваа рунда во елитното европско натпреварување, а друштво на Дибиров во овој дрим-тим му прават асови како Абало, Јурецки, Жерар…
ДРИМ-ТИМ НА 11. КОЛО ВО ЛШ
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)
ЛЕВ БЕК: Михал Јурецки (Кјелце)
СРЕДЕН БЕК: Барис Пукхуски (Мотор)
ДЕСЕН БЕК: Иван Сршен (Загреб)
ДЕСЕН БЕК: Лук Абало (ПСЖ)
ПИВОТ: Јан Колбахер (Рајн-Некар Левен)
ГОЛМАН: Винсан Жерар (Монпелје)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА