Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди ги одигра завршните 30 минути во поразот од 1-0 на неговиот Леванте од Алавес во натпреварот кој го затвори 23.коло во шпанската Примера. Леванте веќе беше во негатива кога Барди влезе на теренот. Голот за водство на Алавес го постигна Виктор Лагвардија во 23. минута, конечните 2-0 дојдоа дури во судиското надополнување на времето кога Хони го погоди голот на Леванте.
За Леванте ова беше трет натпревар без победа, а има и само еден триумф на последните пет средби. Вкупно досега има 10 порази, седум победи и шест порази и со 27 бода останува на 14. позиција на табелата. Во следното коло, Леванте се среќава со Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА