Романскиот селектор Тудор Костеску минатиот месец го објави списокот на играчи за квалификацискиот дуел со Македонија, но кормиларот на романскиот национален тим се соочи со неочекувани проблеми поради кои мораше да направи дури три принудни замени пред дуелот закажан за 21 февруари во Плоешти.
Така, Костеску за пресметката со Македонија нема да може да смета на Каталин Бачиу, Даниел Јонита и Нандор Кути, на чие место дополнително повикани се Лукас Тохатан, Мариус Чотлаус и Антон Диаконеску.
Станува збор за играчи кои по квалитетот се послаби од оние кои поради повреди отпаднаа од комбинација, па јасно е дека со тоа се олеснува и задачата на македонскиот национален тим на овој натпревар. Само за потсетување, Македонија за пласман во главните квалификации за Евробаскет 2021 може да си дозволи и пораз во Романија, но не повисок од 14 поени разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА