Елмас одличен во „дијамант“ формација, Фенер го доби Зенит

Фенербахче забележа победа од 1-0 во првиот натпревар од 1/16 финалето од лигата на Европа против екипата на Зенит, сосема заслужен триумф на турскиот клуб кој беше многу подобар од гостите од Турција во поголемиот дел од натпреварот. Елиф Елмас се најде во стартниот тим на Фенер на оваа средба и прикажа одлична игра во „Дијамант“ формацијата на турскиот гигант, како најистурен играч во средниот ред.

Слимани беше стрелец на единствениот погодок по еден корнер од десната страна, а при резултат 1-0 Елмас имаше два одлични удари надвор од шеснаесетникот што гостинскиот голман успеа да ги одбрани. Зенит најубавата шанса ја пропушти пред крајот на полувремето кога капитенот на Фенербахче, Топал, почетнички реагираше и направи пенал, но ударот од белата точка на Мак не заврши во мрежата по одличната интервенција на голманот Харун.

Елмас остана на теренот до 71. минута, кога беше заменет со Андре Ајув.

Се вчитува...