ПСЖ се соочуваше со големи проблеми во пресрет на осминафиналето, но Оле Гунар Солскјер има слични главоболки по само 45 минути игра и повредите на двајца стандардни првотимци.
Антони Марсијал и Џеси Лингард добија предност во нападот за оваа средба, но во текот на првото полувреме и двајцата се пожалија на повреди на мускулот и мораше да бидат заменети, па во вторите 45 минути на нивно место на теренот на „Олд Трафорд“ се појавија Алексис Санчез и Хуан Мата.
Ова дефинитивно е голем проблем за „црвените ѓаволи“, особено ако се знае дека веќе в понеделник ги очекува дуел од ФА Купот на Англија против Челси, а потоа и премиерлигашко дерби со Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА