Николо Заниоло дојде во Рома како „мамец“ во трансферот на Наинголан во Интер, но 19-годишниот италијански фудбалер експресно се наметна како нова ѕвезда во Калчо-лигата, за вечерва да блесне и во Лигата на шампионите.
Заниоло со својот прв удар кон противничкиот гол на еден меч во ЛШ експресно го најде патот до мрежата, а потоа зголеми и на 2-0 за Рома против Порто, станувајќи најмлад италијански фудбалер што постигнал два погодоци на еден натпревар од елитното европско натпреварување.
„Ѕвездата“ е родена – коментираат италијанските медиуми, а во Интер се прашуваат како повторно ја утнаа работата, па предвреме се откажаа од нов бисер не давајќи му шанса да блесне во дресот на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА