Авицена женска трка: Купете маичка и донирајте за Снежана

Со купување на dry-fit маичка со логото на Авицена женската трка донирате 100 денари за Снежана Караџовска, кoja пред повеќе од две години, во сообраќајна несреќа ги загуби двете нозе над колена. Организаторите на манифестацијата која годинава ќе се одржи на 31. март повикуваат на хуманост како дополнување на доброто чувство од учеството на трката која низ годините стана традиционална.

За да може повторно да се движи самостојно, Снжана  ќе мора да замине во болницата AOFE во Утрехт, Холандија, каде што ќе се изврши потребната операција и обука за самостојно движење со кликпротези.

линк: https://www.smartrace.club/apex/f…

Се вчитува...