Мауро Икарди од денеска повеќе не е капитен на Интер, но „војната“ меѓу аргентинскиот голгетер и управата на клубот уште повеќе беше разгорена со одлуката тој воопшто да не патува со остатокот од тимот за Австрија, на утрешното гостување од Лигата на Европа против Рапид Виена.
Тренерот Лучијано Спалети попладнево го објави списокот на патници за Виена, а на него изненадувачки го немаше довчерашниот капитен. Засега нема официјално објаснување околу причините за вжештените страсти меѓу капитенот и раководството на клубот, но јасно е дека вакви чекори не се преземаат доколку конфликтот не е сериозен.
Покрај Икарди, со остатокот од тимот во Виена нема да патуваат ниту Шкрињар и Брозовиќ, кои се суспендирани, како и Кеита Балде, кој се уште не е „фит“ по повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА