Во вардаровиот табор максимално мотивирано ја очекуваат новата пресметка во Лигата на шампионите, по извонредниот триумф на гостувањето против Рајн Некар Левен.
В сабота „црвено-црните“ за првпат во својот „Јане Сандански“ на мегдан со унгарски Веспрем на атак кон нова победа која и тоа како е неопходна во трката за второто место во групата.
„Сите знаеме дека ќе биде тежок натпревар против Веспрем. Но, подготвени сме, мотивирани секако и со поддршка од трибините да дојдеме до нови бодови. Оваа победа е исклучително важна за нас, и покрај тоа што знаеме дека во Веспрем играат извонредни поединци“ – истакна тренерот на Вардар, Роберто Парондо, притоа дополнувајќи:
„На тренинзите добро работеа и Борозан и Мораес, па ќе видиме дали ќе може да ни помогнат во сабота. Ако биде се во ред наредниве денови сигурно ќе играат во сабота“.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем в сабота се игра со почеток од 17:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА