Парондо: Кога беше најважно ние промашувавме, Веспрем погодуваше

Роберто Парондо има причина за разочараност по денешниот пораз од Веспрем, натпревар на кој Вардар прокоцка предност од шест гола („плус пет“ по првото полувреме) и на крајот загуби во директната пресметка за второто место во групата.

„Ја сакавме победата, бевме блиску, но не успеавме да го приведеме мечот во наша корист иако одигравме одлично прво полувреме. Пресуди стартот на второто полувреме, кој воопшто не беше како што посакувавме, гостите се вратија и влегоа во завршницата со поголема самодоверба. Беше тешко за нас да играме во последните минути, дадовме се од себе, но кога беше најважно ние промашувавме, а гостите погодуваа“ – изјави Парондо на прес-конференцијата по натпреварот.

Скубе беше еден од најрасположените за игра во таборот на Вардар, но доброто издание на Словенецот не беше доволно за да се стигне до позитивен резултат.

„Не е трагедија да се загуби од Веспрем. Ова беа две различни полувремиња, по одлината игра во првиот дел, во второто делувавме лошо на теренот. Победата на Веспрем е заслужена и треба да им се честита, на нас е да одиграме многу подобро на последните две средби. Потребни ни се две победи до крајот на групната фаза за да бидеме најмалку трети, што нема да биде нималку лошо во оваа силна група“ – истакна Скубе.

Се вчитува...