Нисколигашот Њупорт цело полувреме одолеваше на налетите на Манчестер Сити, но „граѓаните“ на самиот почеток од вториот дел успеаја да го скршат отпорот на потивникот, и тоа со чуден гол што го постигна Лирој Сане.
Германецот шутираше силно од десетина метри откосо и го погоди голманот директно во главата, по што топката со необично движење заврши во мрежата. Голманот Џо Деј потоа неколку минути добиваше лекарска помош поради раскрвавениот нос, разочаран бидејќи и самиот беше свесен дека доколку успееше со раце да ја одбрани топката, таа немаше да заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА