Шеикот Мохамед бин Салман, следниот крал на Саудиска Арабија, изразил подготвеност да го купи англискиот премиеригаш Манчестер Јунајтед. Тој за да го откупи целосниот пакет акции на клубот од „Олд Трафорд“ предложил фантастична сума од 3,8 милијарди фунти.
Американското семејство Глејзер сериозно ја разгледува понудата и можно е веќе од следната сезона и двата фудбалски гиганти од Манчестер да имаат шеици за сопственици. Глејзерови го купија Манчестер Јунајтед во 2005 година за сума од 800 милиони фунти и со продажбата би заработиле фантастични 3 милијарди фунти. Сепак, многу важно во овој „дил“ е и Манчестер Јунајтед да успее да избори пласман за Лигата на шампионите наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА