Веќе е добро познато за секого дека Хрватот Марио Манџукиќ е еден од клучните фудбалери во тимот на Јувентус. Но, дека бил и најзабавниот фудбалер во соблекувалната на „Старата дама“, е тоа е новина.
Според зборовите на Емре Чан, најдуховит лик во составот на Јуве е Манџукиќ, иако се смета дека и е „намќор“ кој за се негодува.
„Најсмешен во соблекувалната? Манџукиќ, како што сум кажал и претходно, е навистина смешен на свој начин. Роналдо знае да се шегува, но нив не ги разбирам многу а Марио има свој карактер. Навистина е посебен. Затоа е и главен во соблекувалната“ – вели Чан и дополнува:
„Може да ни даде заповед и само со еден поглед, но во исто време е и еден од најчувствителните, најтоплите фудбалери кои ги познавам. И знам дека за некои е тешко да замислат, но навистина има добра смисла за хумор“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА