Серхио Рамос, рекордер по бројот на црвени картони во Европа

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, продолжува со својот контроверзен стил на игра, некогаш премногу груб, некогаш премногу дрзок, но секогаш успева да заработи санкција од судиите. Тој беше исклучен и на дуелот со Џирона на „Сантијаго Бернабеу“ и стана рекордер по бројот на црвени картони во Европа. Рамос го доби вкупно 25. црвен картон во кариерата, а ’јубилеен’ 20. во Ла Лига.

Во францускиот шампионат најмногу црвени картони има Сирил Рул (19), во Серија А најгруб во историјата е Паоло Монтеро со 16 црвени картони, а Премиер – лигата по осум исклучувања во кариерата имаат Данкан Фергусон, Ричард Дан и Патрик Виеира.

Јенс Новотни е ’рекордер’ по бројот на црвени картони во Бундес-лигата, вкупно 8.

 

 

Се вчитува...