Едуардо Берисо нов селектор на Парагвај

Аргентинскиот стратег Едуардо Берисо е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Парагвај. Поранешниот тренер на Селта, Севилја и на Атлетик Билбао, на кормилото ќе го замени колумбискиот стручњак Хуан Карлос Осори, кој минатата седмица ја напушти функцијата од семејсни причини.

49-годишниот Берисо ќе биде претставен како селектор на Парагвај в петок, а првите мечеви на својата работна позиција ќе ги има на крајот на следниот месец против Перу и против Мексико.

Берисо во кариерата беше и асистент на сонародникот Хорхе Сампаоли на клупата на селекцијата на Чиле.

 

Се вчитува...