Клубот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгијан Алиоски, Лидс доби казна од Англиската фудбалска лига за шпиунирањето на ривалските клубови кое го организираше менаџерот, Марсело Биелса.
Претендентот за прогрес од Чемпионшип-дивизијата во Премиер-лигата ќе треба да плати 200 000 фунти за шпиунирањето на другите клубови. Случајот беше откриен во јануари годинава по дуелот на Лидс со Дерби Каунти. Менаџерот Биелса призна дека ги испраќал помошниците на затворените тренинзи на конкурентите, а по истрагата која ја споведе ЕФЛ решено клубот да биде парично казнет.
Објаснувањето на Лигата е дека Лидс го прекршил правилото на „добра верба“ според кое клубот е должен кон останатите екипи да се однесува фер, отворено и чесно.
На Лидс кој доби и укор му е напоменто дека 72 часа пред меѓусебните дуели, без покана, не смее да ги следи затворените тренинзи на ривалите. Лидс се извини за постапките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА