КБК Шампион убедливо најдобар на Државното кик-бокс првенство 2019… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

КБК Шампион е клуб со убедливо најголем број освоени одликувања на 1. Државно кик-бокс првенство за 2019 година. за сите возрасни категории во категории (татами – лајт контакт, ринг– лоу кик и К1), кое се одржа во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ).

На првенството учествуваа 183 натпреварувачи од вкупно 30 кикбокс клубови од целата држава, а Шампион стигна до вкупно 21 медал, од кои 19 златни во сите категории.

Во рамките на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг. На постоечките судии им се доделија судиски легитимации, а во текот на натпреварот се спроведе и полагање за нови судии.

Комплетниот шампионат во салата Градски парк во Скопје мина во одлична организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија, а на истиот присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој помогна за организација на првенството. Натпреварите од првенството ги следеа и советникот за спорт во Владата на РМ, Даниел Димевски како и еден од основополжниците на боречките спортови во РМ, Славе Пашоски. На посочените гости им беа доделени благодарници од страна на претседателот на КМФМ, Дејан Митровски за особен придонес во развојот на кикбокс и маитаи спортот во државата.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РМ и Општина Центар, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.

 

Се вчитува...