Европскиот првак Реал Мадрид ја победи конкуренцијата во трката за дефанзивецот на Порто, Едер Милитао. Како што информира „Марка“, сите детали меѓу двата клуба се договорени, Бразилецот за сума од 50 милиони евра по завршувањето на сезоната ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Милитао во Порто настапува на позицијата централен дефанзивец, но може добро да се снајде и како последен играч за врска, а по потреба дури и како десен бек. Токму неговата поливалентност ќе биде добредојдена во составот на Реал Мадрид.
Порто го доведе Милитао од Сао Паоло за само 4 милиони евра, а сега ќе го продаде за 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА