Сари не е Мурињо, ќе добие најмалку пари за отказ од Челси

Челси своевремено му плати на Жозе Мурињо 18 милиони фунти за предвремен раскин на договорот, а Роман Абрамович цела сезона го плаќа и Антонио Конте, кој до јуни ќе инкасира девет милиони фунти од „сините“ иако веќе не е на чело на овој клуб.

Лекцијата е научена, па во договорот што Маурицио Сари го потпиша со „сините“ клаузулата за предвремен раскин е значително помала. Или поточно, екс-тренерот на Наполи ќе заработи пет милиони фунти доколку Челси реши да го отпушти, нешто што се најавува како сигурен потег на премиерлигашот во следните десетина дена.

Јасно е, Италијанецот добро ќе го наплати својот престој во Лондон, но сепак ќе заработи помалку од сите останати тренери што биле отпуштени од Челси во „Ерата на Абрамович“. Сколари си замина од Лондон со 12,6 милиони фунти, Вилјаш Боаш со 12 милиони фунти на својата сметка, а подобро од Сари мина дури и Аврам Грант, кој мина неколку месеци на чело на Челси, а на заминување доби „чек“ од 5,5 милиони фунти.

Се вчитува...