Пике: Добро е што Реал нема и ракометен тим и таму да ги трпиме да се жалат

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, е познат по тоа што ја користи секоја прилика за најжестока критика на Реал Мадрид. Во контекст на контроверзното финале од кошаркарскиот куп, Пике го прозва Реал велејќи дека жалењето на судиите е стандардна процедура. Барселона во драматичен финиш го освои пехарот, а грешките во судењето на штета на двете екипи ги призна и судиската организација.

„Ако судиите не правеа грешки, Барселона мирно ќе си победеше уште во регуларниот дел. Реал често прави галама околу судењето, тоа е вообичаено. Среќа немаат тимови во хокеј и во ракомет, па и таму да мора да ги гледаме. Секогаш ја користат истата стратегија, се жалат. Тогаш се случува меч како оној со Атлетико и судиите им помагаат. И сите молчат“ – вели Пике.

Пике уште вели дека всушност Реал само прави врева со која се обидува да затскрие дека Барселона е освојувач на Купот.

 

 

 

Се вчитува...