Иван Ракитиќ донесе одлука за својата иднина – избирајќи го Интер за следна дестинација во кариерата. Преговорите за нов договор со Барселона веќе извесно време се стопирани, а трансферите на Де Јонг и на Рабио се јасен знак дека каталонскиот гигант ќе го „реновира“ средниот ред за наредната сезона.
Ракитиќ имаше на маса понуди и од Челси и од ПСЖ, но на крајот го избра Интер за свој следен клуб. „Нероаѕурите“ му понудија на 31-годишниот фудбалер договор на три сезони за плата од шест милиони евра годишно, што беше прифатено од страна на асот на Барселона. За официјализација на трансферот неопходен е уште договор меѓу клубовите, Интер веќе понуди 35 милиони евра, Барса бара 10 милиони повеќе, но се очекува да се најде заеднички јазик на сума од околу 40 милиони.
Интересно ќе биде да се види дали ангажманот на Ракитиќ ќе значи и откажување од намерната за ангажман на Лука Модриќ, или Интер ќе успее да го обедини тандемот од средината на теренот што ја одведе Хрватска до финалето на СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА