Кристијано Роналдо е толкава ѕвезда што португалскиот ас се најде во центарот на вниманието пред воопшто да почне со загревање пред дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус.
Фудбалерите повеќе од еден час пред почетокот на средбата излегоа на теренот, а Роналдо се појави со патики обложени со „Сваровски кристали“. Станува збор за серија што ќе се продава во ограничени количини, под назив „Nike Air Max 97 ‘Metallic Gold“, што е втора соработка меѓу Најк и Сваровски, по моделот „Silver Bullet”.
Роналдо за својот роденден доби специјални патики Најк, украсни со 24-каратно злато, така што денешните патики не се најскапоцен дел од колекцијата на португалската мегаѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА