Брејкденсот и уште три други спорта, слободното качување, сурфањето и скејтбордот ќе бидат предложени за влез на следните изданија на Олимписките игри. Ова е обид на организаторите да ги приближат Игрите до новите генерации. Брејкденсот би бил приклучен на Олимпијадата во Париз во 2024 година, додека останатите три спорта ќе добијат шанса на Игрите во Токио во 2022 година.
Правото за рамноправно учество заедно со веќе етиблираните спортови, брејкденсот ќе треба да го добие од Интернационалниот олимписки комитет во декември 2020 година. На Олимписките игри веќе има 28 спорта.
Брејкденсот е акробатски танц кој призлегува од хип-хоп културата. Оваа дисциплина веќе беше дел од Младинските олимписки игри во Буенос Аирес во 2018 година.
Skate, surf, escalade, breakdance et épreuves ouvertes veulent révolutionner Paris-2024 https://t.co/uuicK6z3cl pic.twitter.com/XzdQ47JEJp
— Paris Match (@ParisMatch) February 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА