Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, ја надмина повредата на мускулот и ќе се врати во составот на „милионерите“ за неделниот дуел против Баер Леверкузен. Тој се повреди на мечот против Вердер во Купот на Германија, изведе слободен удар и постигна гол, но и веднаш повлечен од теренот.
Статистичарите пресметаа дека кога Марко Ројс е во тимот, Борусија Дортмунд во просек постигнува по 2.42 гола по натпревар, додека кога е отсутен просекот е 1.67. Ројс ќе биде добредојден и за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем. Првиот меч Борусија Дортмунд го загуби со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА