ЦСКА Москва премногу лесно славеше на дуелот против Гран Канарија, декласирајќи го гостинот од Шпанија со преубедливи 107-85. „Армејците“ на овој натпревар настапија без својот најдобар кошаркар, Нандо де Коло, но и во отсуство на францускиот ас ЦСКА го демолираше противникот, постигнувајќи 107 поени. Серхио Родригез беше најефикасен со 18 поени, еден повеќе од Клибурн, додека 15 поени постигна Питерс.
Анадолу Ефес триумфираше над Олимпијакос so 75-65, зацврстувајќи се на четвртото место на табелата. Гостите без помошта на повредениот Спанулис не успеаја да го освојат Истанбул откако Ефес одигра одлично во последните минути од натпреварот, на крајот стигнувајќи до двоцифрена победа. Симон со 13 и Моерман со 12 поени беа најефикасни во овој триумф на Ефес.
Многу интересно беше во Италија, кае Милано по голема битка го совлада Макаби со 87-83, за четврти триумф во низа на актуелниот италијански првак. Резултатот на пет минути до крајот гласеше 70-71, кога Милано влезе во ритам, поведе со девет поени разлика (82-73) и оваа предност ја претвори во конечна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА