„Охрид трчат“ оваа година збогатен со уште неколку трки

Уште точно 100 дена преостануваат до најголемиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет со многу забава, дружење и трчање.  Спортската манифестација „Ohrid running weekend“ ќе се одржи од 31. мај до 2. јуни, а се состои од Атлетската манифестација “Охрид трчаТ“, подигнувањето на стартните пакети и ноќната трка која ќе означи почеток на богатиот викенд со спортски активности во Охрид.

Најава на „Ohrid running weekend“ ќе бидат активностите на децата од школска и предшколска возраст. На 15. мај покрај Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка, додека на 18. мај дечињата од предшколска возраст ќе го разубават и раздвижат градскиот плоштад.

Организаторите имаат новитетии и изненадувања за учесниците на кои останува само да се пријават и да се забавуваат, трчаат и уживаат во Охрид.

Пријавувањето за „Охрид трчаТ“ е во тек и може да се направи на официјалната страна www.ohridtrcat.mk.

Се вчитува...