Англискиот премиерлигаш Челси доби забрана за трансфери во следните два преодни рока, а тоа може комплетно да ја промени позицијата на белгискиот интернационалец Еден Азар. Офанзивецот најави заминување од „Стемфорд бриџ“ по завршувањето на сезоната, а негова следна станица во кариерата требаше да биде Реал Мадрид. Одамна тој кокетира со „кралскиот клуб“ и требаше да замине претстојното лето.
Но, забраната за трансфери на Челси може комплетно да ја промени ситуацијата. Клубот секако нема лесно да се откаже од најдобриот фудбалер, со оглед дека нема да може да доведе адекватна замена. Азар има договор до јуни 2020 година, и сигурно ќе има голем притисок да ја продолжи соработката со англискиот тим.
Азар дојде во Челси во 2012 година и досега одигра 334 натпревари на кои постигна 104 гола и забележа 85 асистенции. Во последните пет сезони постигна двоцифрен број голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА