Нико Ковач се обидува да го премисли Ракитиќ

Германскиот првак Баерн Минхен сака да му ги наруши плановите на Интер и ќе се обиде да го доведе Иван Ракитиќ на „Алијанц арена“ во летниот преоден рок. Повеќе од сигурно е дека играчот за врска ќе ја напушти Барселона, а раководството на „нероаѕурите“ најбрзо реагираше и веќе го контактираше неговиот агент.

Сепак, во играта се вклучува и Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен, кој посакува да го има својот сонародник во тимот. Ракитиќ добро ја познава Бундес-лигата, со оглед дека три и пол сезони играше во Шалке 04 и лесно би се вклопил во составот на баварскиот тим.

Се вчитува...