Охриѓани реагираат за Манасков: Зошто се ублажува казна за физички напад?

Тренерот на Охрид, Горан Андоновски, реагираше на намалената казна на бекот на Пролет, Мартин Манасков, кој наместо четири сега ќе паузира два натпревари откако беше прифатена жалбата на скопскиот клуб по неговото исклучување на мечот со Бутел.

Пролет е директен ривал на Охрид во трката за место во плејофот, па Андоновски обвинува дека ваквата одлука оди на штета на неговиот клуб.

„Продолжение на низа нерегуларности во Супер-лигата. Смислено донесена одлука за да настапи во Струга. Охрид без причина беше казнет за решавачкиот натпревар со Пролет и немаше каде да се жалиме, не ни дадовте можност РФМ. А за физички напад ублажувате казни“ – напиша Андоновски на својот фејсбук-профил.

Сезоната во ракометната Супер-лига продолжува наредниот викенд, Охрид го очекува гостување на регионалното дерби со Струга, додека Пролет ќе му гостува на Вардар јуниор, последен меч на кој Манасков нема да може да настапи за скопскиот клуб.

Се вчитува...