Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито довел свештеник во клупските простории објавуваат италијанските медиуми. На барање на Лотито, свештеникот ги благословил тренинг центарот и соблекувалната.
Ова треба да помогне во клубот да се намали бројот на повреди кои како што сметаат во клубот се причина за раната елиминација од Лига Европа.
Ова не е првпат Лотито да презема вакви мерки, тој викаше свештеници и кога клубот имаше слични проблеми во 2009,2010 и во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА